Живот
17. October 2019 - 19:32

Ја убил својата мајка, па полицијата го убила него- двојна трагедија во домот на славниот светски актер кој ни беше омилен херој

Камерон Ели (30) кој е син на познатиот актер Рон Ели (81) ја убил својата мајка Валери Лундин (62), а убиството се случило во семејниот дом во Санта Барбара.
 
Имено Камерон на мајка си и нанел повеќе убоди од нож по што таа починала на лице место, а кога влегла полицијата морала да реагира и го убиле и него со огнено оружје.
 
Камерон по убиството повикал полиција, а за се го окривил таткото инвалид кој ја нападнал сопругата.
 
На аудио снимката на која се слуша полицискиот повик тој вознемирен и во солзи вели дека неговиот татко сака да ја убие неговата мајка.
 
Полицијата соопшти дека актерот е пронајден по убиството во домот кој бил на безбедно место, додека полицијата во нивниот дом прво го пронашла безживотното тело неговата сопруга, а потоа налетале на наоружаниот син.
 
Славниот актер инаку беше 35 години во брак со сопругата која беше Мис на Флорида и имаат три деца.