Живот
23. December 2017 - 10:20

Ја уби сестричката (3) на брутален начин: Кога го откри мотивот сите се шокираа, еве како мајката се справува со тоа

Парис Ли (24) од Тексас пред 10 години ја уби својата помлада сестра Ела (4), а објаснувањето што го даде за своето злосторство, ги шокираше сите.

Имено, тој рече дека на овој чекор се одлучил зошто мајката се дрогирала и сакал да и се одмазди. Ја тепал сестрата, ја давел и ја избодел со нож 17 пати. Тогаш имал 13 години.

Париз признава дека сестрата ја убил поради одмазда кон мајката. Пред да стане мајка Чарити била зависничка од хероин, а од дрогата се ослободила пред бременоста, но две години по раѓањето на Ела, накратко повторно почнала да користи хероин.

Синот поради тоа, вели дека посакал да ја уништи. Сестрата ја убил за да страда неговата мајка цел живот, рече тој.

Како малолетник доби највисока затворкса казна од 40 години, а 2027 година ќе има право да бара пуштање на условна слобода. Чарити која во меѓувреме роди и трето дете, вели дека се чувствува посигурно додека синот и е во затвор. Кога го посетува , вели мора длабоко да вдише и самата себе да се потсети колку чуден може тој да биде.

Психијатрите во 2009 година утврдија дека е социопат. Чарити вели дека знае дека во синот постои нешто мрачно, но нема да биде таква мајка што ќе се откаже од него. Одлучи против насилството да се бори со љубов.

Парис е генијалец со коефициент на интелигенција 141, а средно училиште заврши во затворот. Негира дека има психички проблеми и откако е полнолетен одбива психоанализа. Својот помлад брат никогаш не го запознал, а бидејќи е дете - убиец, не смее да им пријде на помлади од 17 години.