Македонија
21. July 2016 - 13:09

Ја силувал и претепал поранешната сопруга

Н.И. (34) од Голема Речица е пријавен од поранешната сопруга И.Ш. (35) за физичко малтретирање и силување откако вчера околу 6:30 часот во село Чегране, Гостиварско, отишол во нејзината куќа и ја нападнал, нанесувајќи и телесни повреди.

Како што соопшти полицијата, Н.И. извадил и пиштол по што И.Ш. го пријавила.

Полицијата извршила увид на местото на настанот. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.