Џет-Сет
2. March 2016 - 19:49

Ја омажи 16-годишната ќерка за три пати постар човек, па се обиде да и го земе!

Реалити ѕвездата Кортни Стоден (21) признала една од причините поради кои веќе една година е во лоши односи со мајка и Криста Келер. Таа имала некои чувства кон сопругот на својата ќерка, односно нејзиниот зет Даг Хачисон (55).
 
- Мајка ми се однесуваше несоодветно и се обиде да ја премине границата која ниту една мајка не би требало да помисли да ја направи во љубовната врска на својата ќерка. До уши се зањуби во мојот сопруг, - рекла Кортни.
Русокосата убавица ја обвинила својата мајка дека го заведува Даг, бидејќи и самата се чувствува несигурно во својата врска.
 
- Мојата мајка не беше среќна. Немаше добар однос со татко ми. Во еден момент, мојот живот го доживуваше како свој. Велеше дека се чувствува исто како и нејзината ќерка, - објаснила реалити ѕвездата за „RadarOnline“.
За среќа на Кортни, емоциите на мајка и кон Даг не и биле возвратени, па затоа тие со нетрпение ја очекуваат годишнината од бракот.
 
- Мојот однос со Даг е навистина квалитетен. Ние се подготвуваме да ја прославиме годишнината во мај, кога ќе ги обновиме нашите заклетви, заклучила Кортни.