Ја нарекувале „далматинец“, а сега е една од најбараните манекенки
Алба Парехо била брутално исмевана поради дамките на нејзиното лице и тело, кои ги има над 500. Но, погледнете ја сега!
16 годишната Алба од Барселона како дете била цел на потсмев. Ја нарекувале чудовиште и куче – далматинец. На помала возраст поминала низ неколку операции кои оставиле сериозни лузни на нејзиното тело.
Минатата година Алба решила да се спротивстави и да покаже дека го прифаќа својот изглед каков што е. Почнала да објавува фотографии на Твитер и Инстаграм за да ги мотивира луѓето да го прифатат својот изглед, а реакциите биле повеќе од позитивни. Со таквиот став, си ги отворила сите врати!
Девојката неодамна излезе на насловна на локален магазин и се повеќе ја бараат да позира како манекенка.
Алба е родена со ретка болест на кожата. Уште како дете бројот на дамките на нејзиното тело бил голем.
Поминала низ повеќе од 30 операции кои оставиле длабоки лузни на нејзините нозе.
Но кога ја раскажала својата приказна без да крие што било, добила огромна поддршка да се пријави на натпревар за насловна страна на каталог на трговски центар – и победила. Од тој момент, животот и се променил. Таа постојано добива понуди за работа од успешните во модната бранша, а еден од нив ја нарекол „бисерот кој недостигаше во модата“ – пишува Хафингтон пост.
– Се чувствувам позитивно во врска со моето тело и сакам да ги запознаам сите со мојата болест, за да им помогнам на други – пишува Алба на социјалните мрежи.
Пишува под хаштаг „носи го својот знак од раѓање“ (#bareyourbirthmark) и се бори со навредите кои особено тешко паѓаат во нејзината возраст. Алба успеа во таа борба , и порачува:
– Никој не треба да се крие поради својот изглед. Сакам луѓето конечно да сфатат дека сите сме различни и ничие тело не е совршено – вели тинејџерката.
Ново на Сител
-
Тема на денот со генералниот секретар на СДСМ, Александар Димитријевиќ
-
17 уапсени за инцидентите
-
ДУИ бара интерпелација на Тошковски - СДСМ лидерска средба
-
Разбојниците вчера од продажен објект на градскиот стадион одзеле 10.000 евра, но на излегување биле уапсени од ЕИП
-
Мицкоски за обвинителите: Нема веќе трпение
-
Приватните превозници се откажаа од блокада, утре продолжуваат да возат
-
Од Нова Година чоколадото ќе биде луксуз, поскапуваат и други берзански производи како маслото и шеќерот
-
Жртвите на семејно насилство во Струмица добиваат куќа за отворено домување