Балкан
9. March 2016 - 19:27

Ја напушти собата и се врати со нож - Маж си ја прободел сопругата пред малолетните деца

- Нашата ќерка се слушна, влезе во собата и почна да го моли да не ме тепа. Потоа, таа влезе во кревет со нас. Иван ја напушти собата и се врати со нож. Потоа започна со ножот да ме прободува. Децата врескаа, а крв имаше на сите страни, вели Сања. На Иван К. Полицијата му одреди притвор од 48 часа.
 
Семејна драма се случувала во домот на четириесет и едногодишниот панчевчанец Иван кој ја прободел со нож својата четриесет и осум годишна сопруга Сања. Хорор се случил во неговиот дом во Панчево , а со нив во моментот на злосторот во брачниoт кревет лежеле и двете малолетни деца.
 
Од повредите со кои се здобила, несреќната жена се опоравува во болницата во Панчево. По бруталниот напад, Иван се обидел да си ги пресече вените, вели неговата сопруга.
 
– Мојот сопруг се врати пијан дома некаде наутро пред шест часот. Во тој момент бев со мојата ќерка во собата. Кога видов дека тој е пијан, отидов и легнав во креветот со него и нашиот мал син, ја започнува приказната Сања за српски Курир.
 
Таа тврди дека мажот потоа почнал да вика по неа. Ја навредувал и ја удрил по устата.
– Нашата ќерка се слушна, влезе во собата и почна да го моли да не ме тепа. Потоа, таа влезе во кревет со нас. Иван ја напушти собата и се врати со нож. Потоа започна со ножот да ме прободува. Децата врескаа, а крв имаше на сите страни, вели Сања.
 
– Синот го молеше и плачеше со мене. Мојата ќерка успеа да се јави на брзата помош и на полиција, а кога пристигнаа, сопруг се обиде со ножот да си ги пресече вените, вели повредената жена.
Како што таа вели, со Иван се во брак 17 години и за сето тоа време трпи насилство.
 
– Пред една година, го оставив, но во февруари се смиривме, на инсистирање на децата. Тој ми вети дека повеќе нема да ме злоупотребува и да ги трауматизира децата, вели таа .
На Иван му е одреден притвор од 48 часа.