Живот
4. September 2015 - 20:59

Ја изневерил девојката, а таа сакала да знае зошто: Неговиот одговор е хит на интернет!

Али и Ендру биле во врска седум години и пред две години раскинале. Во документарниот филм "The And" добиле можност отворено да говорат за својата врска и неверствата.

Али по толку време сакала да знае зашто партнерот ја изневерил, што барал кај друга жена.

- Зашто ме изневери?, го праша Ендру. И додека многу мажи на негово место би понудиле цел список причини и изговори, неговиот одговор бил многу едноставен и всушност понудил логично објаснување.

- Зошто го направив тоа? Затоа што бев заинтересиран за истражување на други опции, рече и предизвика вистинска бура на емоции.

Ендру на крајот призна дека сака да и биде пријател на Али, а на прашањето поради што даде едноставен одговор кој повторно предизвика солзи во нивните очи: „Затоа што ми недостасуваш“.