Бизнис
4. November 2016 - 19:36

Извозот од почетокот на годината се зголемил за 6,3%

Заклучно со третиот квартал извозот надмина 3,5 милијарди долари. Споредено со истиот период лани зголемен е за 6.3%. Увозот пак наближува до 5 милијарди долари и пораснал за 6.8%.

Џонсон Мети, Дрекселмаер, Кронберг и Шуберт, Ванхул, Џонсон Контролс се двигатели на македонскиот извоз. Тие ги произведуваат машините, транспортните удери, катализаторите, сетовите за палење за автомобилскиот сектор кои чинат третина од извозот од земјава.

Нивите производи кои завршуваат во странство се поскапи од тоа што во земјава се произвдуваше порано што резултираше со намалување на јазот во размената. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 71,4%, а до пред десетина година изнесуваше помалку од 60%.

Извозот во последната децнија расте и заради олеснетите процедури. Според Дуинг бизнис извештајот, за десет години, на ова поле земјава бележи скок од 100 места, а времето потребно за извршување на процедурите е скратено за три пати.

Годинава најголем дел од македонските производи завршиле на пазарите на Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.