Извлечени телата на планинарите на Кајмакчалан
Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.
Две лица, планинари од Македонија, загинаа на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна.
Според информациите на МИА од Атина, најверојатно станува збор за 25 годишна девојка и 35 годишен маж, планинари кои биле во група од околу 50 лица во областа Агиос Атанасиос, Пела,а се разделиле од групата и се загубиле.
Грчката противпожарна служба, вчера добила повик за помош и од 14.30 часот, започнала спасувачката акција со три возила и 13 спасувачи. Доцна во ноќта, планинарите биле лоцирани во непрооден дел, но за жал не давале знаци на живот. По лоцирањето на местото каде што паднале двајцата планинари, од рано утрово, траеше акцијата на грчките пожарникари за извлекување на телата на планинарите.
Ново на Сител
-
МВР казни 141 возач за брзо возење
-
Денеска ќе бидат сослушани осомничените за убиството на малата Данка
-
ИДФ: За еден ден погодени повеќе од 40 цели во Појасот Газа
-
Ден на жалост денеска во Косово по двете убиства на жени минатите неколку дена
-
Советот за безбедност на ОН утре ќе донесе одлука по барањето на Палестинците за полноправно членство
-
Најмногу дожд во изминатото деноноќие во Претор, денеска дожд, грмежи и силен ветер
-
Чави: Му кажав на судијата дека е катастрофа
-
Одрони на патот Делчево - Македонска Каменица