Свет
9. February 2016 - 10:08

Извештај: Над милион Сиријци живеат во региони под опсада

Над еден милион Сиријци живеат во региони под опсада во Сирија, се вели во извештај на хуманитарната група PAX и од базираниот во Вашингтон Сириски институт.

Во него се вели дека 1,09 милиони Сиријци живеат во 46 населени места што се под опсада. Тоа е многу повеќе отколку податоците на ОН дека под опсада се само 18 места.

Според извештајот, повеќето од тие 46 места се под опсада на сириските владини сили во регионот на главниот град Дамаск и на градот Хомс.

Во источниот град Дејр ал Зур околу 200 илјади луѓе живеат под опсада како на ИД така и на владини сили. Две населени места се под опсада на опозициски групи.

Честопати се исклучени електричната енергија, водата, а речиси и да нема никаков достап до храна, горива и до медицинска грижа, се вели во извештајот. Во такви места луѓето умираат поради немање храна, боелсти, хипотермија и труење. Некои места се под опсада со месеци или дури и години, се вели во извештајот.