Македонија
20. December 2017 - 20:29

Изрешетано на автобуска постојка, момчето без знаци на живот донесено на Ургентен

Полицијата вечерва врши увид на местото каде вечерва од возило во движење на улицата Џон Кенеди е смртно застрелано 24-годишно момче.

Полицијата потврди дека инцидентот се случил околу 17:40 часот. 

Момчето е пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).

Директорот на  ТОАРИЛУЦ,  Илир Хасани изјави дека е извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.