Македонија
28. May 2021 - 9:57

Изречени 143 санкции за сообраќајни прекршоци во Скопје

Засилените акциски контроли во сообраќајот во Скопје продолжија и во текот на вчерашниот ден. Изречени се вкупно 143 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, шест за возење без возачка дозвола, 11 прекршоци за возачите на мотоцикли, информира Министерството за внатрешни работи.

-Изречени се осум санкции за минување на црвено светло, 11 за технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 58 санкции за непрописно паркирање, соопшти МВР.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли продолжуваат во текот на наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.