Израел тврди дека нема масовна глад во Газа

Израелска служба под надлежност на Министерството за одбрана објави нов извештај во кој се тврди дека „нема знаци за широко распространет глад“ во Појасот Газа, иако ОН со недели предупредуваат на ризик од „масовна гладна смрт“.
Службата „Когат“, одговорна за цивилната администрација на палестинските територии, тврди дека по детална анализа на податоците на Хамас за жртвите од неухранетост, е забележана „значителна разлика“ меѓу официјалните бројки и документите со целосна идентификација достапни во медиумите и на социјалните мрежи.
Министерството за здравство во Газа, под контрола на Хамас, тврди дека досега од глад починале 227 лица, од кои 103 деца. „Когат“ смета дека повеќето случаи биле лица со претходни здравствени проблеми, а не директно предизвикани од неухранетост.
Властите на Хамас денеска ги отфрлија наводите, нарекувајќи ги „очаен обид за прикривање на документирано меѓународно злосторство – систематскиот глад на населението“.
Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, Израел воведе блокада на Газа, која во март стана целосна хуманитарна забрана за увоз, делумно олеснета во мај, а повторно заострена кон крајот на јули.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Подготвени сме да разговараме со Софија, но ставот на Владата и црвените линии се јасни
-

Мицкоски јавно повика сите што имаат докази за злоупотреби да ги достават
-

Герасимовски: Слободарско Скопје бие во срцата на центарци, со базарот „Симит и погача“ донираме каде е најпотребно
-

Германија воведува промени во воената служба
-

Зеленски: Русија планира да покрене голема агресија врз Европа во 2029 или 2030 година
-

Одложено рочиштето против екс директорите на АМС за злоупотреба на спортски ваучери
-

Орбан: Распад на златната илузија на Украина, Унгарија нема да ја финансира воената мафијашка мрежа
-

Рубио: Русија јасно порача дека не сака мир, продолжува со напади и неделно губи 7.000 војници
