Израел начелно се согласи да отвори хуманитарен коридор меѓу Кипар и Газа
Израел начелно се согласи да му дозволи на Кипар да отвори поморски коридор меѓу тој остров и Појасот Газа, палестинска територија под израелска блокада, каде што хуманитарните потреби се огромни, потврди денеска израелското министерство за надворешни работи.
-Постои во принцип одобрение за користење на тој (морски) пат, но остануваат уште неколку практични проблеми да се решат, изјави портпаролот на министерството, пренесе Бета.
Тој план треба да придонесе за значително зголемување на испораката на хуманитарна помош за 2,4 милиони жители на Појасот Газа, по проверката на товарот на Кипар „под израелски надзор“, потсети тој.
Кипар го предложи коридорот по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, палестинското исламистичко движење на власт во Појасот Газа.
Хуманитарната ситуација во Газа е катастрофална, околу 1,9 милиони луѓе или 85 отсто од населението морале да ги напуштат своите домови, според ОН. Сериозен недостиг од најосновните производи има на таа територија, која е под целосна израелска блокада од 9 октомври, два дена по почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.
Засега хуманитарната помош се доставува во недоволно количество, по копно, преку преминот Рафа меѓу Појасот Газа и Египет.
Кипар е оддалечен едвај 400 километри од брегот на Газа.
Кипарски официјални извори потврдија дека Никозија ги завршила сите процедури за формирање на поморски коридор.
Ново на Сител
-
Преглед на вести од светот
-
Тема на денот со екс амбасадорот во Бугарија, Марјан Ѓорчев
-
Без новиот Закон за заштита на конкуренцијата ќе нема кој да контролира трговци
-
Љутков: Изградбата на Универзална е стопирана, бидејќи не се знае во чие владение е салата, следуваат кривични пријави
-
Вреди задоволни што сработиле во првите 100 дена во Владата на Мицкоски
-
Анкета на Мкд.мк: Рејтингот на власта расте, но корупцијата се уште е најголем проблем
-
Лани околу 9000 пациенти во Македонија починале од кардиоваскуларни заболувања
-
Околу два милиони денари од хуманитарниот пикник на Алкалоид за СОС Детско село