Свет
26. February 2021 - 9:06

Израел ја прекина донацијата на вакцини на други држави

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц синоќа изјави дека е стопирана програмата за донирање на вакцини против Ковид-19 на други држави поради меѓународниот углед на земјата.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху беше критикуван дека донира вакцини на странските сојузници, а Палестинците се жалеа дека Израел како окупаторска сила треба да им испорача вакцини.

– Ја поздравувам одлуката за стопирање на донации на вакцини на други земји, напиша Ганц на Твитер.

Претходно Нетанјаху ја бранеше „вакцини дипломатијата“ наведувајќи дека во Израел останале „неискористени“ дози вакцини на Модерна.

Во Израел речиси една половина од населението веќе ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19.