Изолирани Македонците во Гора откако се урна мостот на патот Кукс-Шиштевац
Невремето што деновиве ја зафати Албанија услови повеќе села од областа на Гора да останат изолирани поради уривањето на мостот Штреза на патот Кукс-Шиштавец, пренесува весникот Македониум.
Дополнуваат дека претставници на општина Кукс и сообраќајната полиција го блокирале движењето по мостот од безбедносни причини.
– Уривањето на мостот дошло како последица на обилните дождови кои предизвикале ерозија. Веќе е започната процена на состојбите и експертите ќе работат на вонредно до конечно решение, додека до поправка на мостот жителите од македонската заедница мора да го користат граничниот премин Шиштавец-Крушево, со Косово за да дојдат до Кукс и обратно, наведува весникот.
Според истиот извор на целиот патен правец Кукс-Шиштавец има присуство на одрони од камен на коловозот.
Веста за уривање на мостот и блокираното движење ја пренесуваат и албанските медиуми.
– Според Агенцијата за државни патишта мостот треба да се изгради од почеток. Во меѓувреме се размислува за отворање бајпас на стариот пат а жителите кои сакаат да го користат овој пат, треба да патуваат до граничниот премин на албанско-косовската граница Шиштевац-Крушево за потоа да продолжат по патниот правец Крушево-Драгаш-премин Морина-Кукс за да стигнат до градот или да заминат за Шиштевац, наведува Ора њуз.
Споменатиот мост е дел од патот Кукс-Шиштевац, инвестиција реализирана во 2013 година.
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера