Македонија
14. October 2020 - 16:48

Изолациите во училиштата и градинките создадоа хаос кај родителите

Повеќе од 100 деца од градинки се испратени во изолација, а решение не добиле сите. Родителите се во дилема што да прават бидејќи немаат документ со кој ќе го оправдаат отсуството на работа. 

Од центарот за Јавно здравје велат протоколите се јасни и се на сила веќе 7 месеци и нема ништо спорно во нив. Епидемиолозите прават анкети и постапуваат согласно протоколот. Од ДСЗИ велат решението кое го издаваат е на име на родителот кој е контакт во училиштето или градинката. Тој е задолжен за изолација на детето, останатите членови на семејството преземаат само мерки на претпазливост. 

Согласно мерките за изолација, полицијата ќе прави проверка дали родителот и детето се дома. 

Нови случаи позитивни на вирусот се регистрирани во детските градинки Росица во Ѓорче Петров каде заразен се еден неговател и еден воспитувач, во 13 ноември во Центар заразен е социјален работник, и едно дете е позитивно на вирусот од детската градинка Фидани во Чаир.  

Бројот на заразени се зголемува и во училиштата а со тоа и бројот на лица кои одат во домашна изолација. Во едно скопско училиште позитивен на вирусот е наставник по физичко кој им предавал на сите одделенија како тандем наставник па поради тоа сите се испратени во изолација. На родителите и денеска не им издале решенија.  Од МОН велат бројот на лица кои одат во изолација зависи од епидемиолошкаѕта проценка на ризик. Вирусот е регистриан кај 43 ученици и 73 наставници од почетокот на школската година. Од нив со физичко присуство биле  6 ученици и 16 наставници. За 17 проценти е зголемен бројот на ученици кои следат настава онлајн.