Измените на Законот за избори за исплата на земјоделските субвенции на владина седница
Предлог-измените на Законот за избори кои предвидуваат земјоделските субвенции да може да се исплаќаат по конституирање на Собранието, а не по формирање влада, денеска треба да бидат разгледани на владина седница.
Измените ги изготви Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со цел субвенциите да се исплаќаат навреме, без какво било задоцнување.
- Доцни исплатата на субвенциите поради Законот за избори кој предвидува да не исплаќаме субвенции 20 дена пред почеток на кампања и се до формирање влада, совет на општина или избор на претседател на државата. Затоа, предлагаме измена на Законот според која, субвенции нема да има 20 дена пред почеток на кампања и до конституирање на Собрание, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков.
Доколку Собранието брзо заседава и го изгласа предлогот, исплатата на субвенциите, нагласи Цветков, може да почне веднаш.
Ново на Сител
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи