Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец - Катланово

Од денеска воведена е времена измена на режимот на сообраќај на автопат А1, делница Петровец - Катланово, заради извршување на градежни активности во врска со проектот за завршување на работите на рехабилитација со проширување на наведената делница од автопатот, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непреќено по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 1 април, годинава е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Очекувам славенички амбиент по историската победа на локалните избори и така да продолжиме
-

Неготинец силувал скопјанка, снимал со телефон и потоа ја уценувал со снимениот материјал
-

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува реизбор на Мицкоски
-

Без вода денеска дел од Пинтија
-

Најмногу дожд во Маврови Анови
-

КФОР: Засилени активности во поддршка на безбедноста низ Косово
-

Заштитниот саркофаг во Чернобил е оштетен од дрон, не ги исполнува безбедносните функции
-

Орбан: ЕУ се дави во корупција
