Македонија
10. November 2017 - 8:28

Изложба со детски ликовни творби од отпад од пакување

Во Галеријата на Кинотека на Македонија денеска напладне ќе биде отворена изложба на детски ликовни и уметнички творби од отпад од пакување и ќе бидат доделени награди.

Ќе бидат претставени дела од над 50 ликовни секции од основните училишта во Македонија и од соседните држави.

Мотото на изложбата е „Творење и креирање дела од отпад од пакување“, а ја организираат Колективниот постапувач со пакување и отпад од пакување „Еуро-екопак“ и Детскиот ликовен центар Скопје.

Од наградените уметнички творби ќе биде изработен каталог на македонски и албански јазик.