Македонија
24. December 2015 - 13:34

Изложба „Низ четката на преспанските уметници“ во Ресен

Педесеттина дела се претставени на изложбата „Низ четката на преспанските уметници“ што изминатава недела е поставена во изложбениот салон во Домот на културата „Драги Тозија“ во рамките на предновогодишната програма.

Организаторот на изложбата Марија Груевска информира дека претставени се дела од различни теми и стилови на роднокрајни автори-аматери, како и од уметници од ликовната работилница што летово се одржа во Отешево.

Изложбата, според неа, стана тардиционална, се организира по петти јубилеен пат и пројавува се поголем интерес кај ресенци, но и кај гостите.

- Интересот од година во година е се поголем. Годинава имаше масовна посетеност. Секоја година се трудиме да внесуваме новини за подобрување и зачувавување на културата и уметноста и да се промовира аматеризмот, изјави  Груевска.

Изложбата беше отворена на 18 овој месец, а делата ќе бидта изложени до утре.