Изложба на ученици-уметници во Крива Паланка
Во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка синоќа беше отворена изложбата на уметнички дела од ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Изложбата е во организација на „GLOW-клубот“ од градот, еден од мрежата на GLOW-клубови во Македонија.
- Клубот го формиравме пред три години со тогашната волонтерка од Мировниот Корпус - Кристина Дикорс. Целта е да се развие својствениот потенцијал пронајден во младите девојки преку обезбедување на вештини и знаења кои се неопходни за да станат активни лидери во нивните општини. Овде претставивме дел од нашите вештини, преку уметноста. Творевме на тема љубов, желби, визја за светот, истакна Андриана Алексовска од GLOW-клубот Крива Паланка.
Упати благодарност до поддржувачите за соработката за изложбата.
- Во реализацијата особено ни помогнаа професорот по ликовна уметност и академски сликар Робрет Цветковски, наставникот по ликовна уметност Лазо Ѓоргиевски, директорот на музејот Драган Величковски, а цело време несебично ни помагаше и не мотивираше волонтерот на Мировен Корпус, Кајл Батчер, додаде Алексовска.
На изложбата се претставени триесетина дела работени во разни ликовни техники. Изложбата ќе биде отворена во следните две седмици.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари
-
Мицкоски предлага заедничка резолуција на Бугарија
-
Родителите на починатите деца во трагедијата во Пулс огорчени од средбата со премиерот