Македонија
7. July 2016 - 8:51

Изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати

Изложба на скулптури на уметникот Џелил Руфати вечерва ќе биде отворена во Мала станица, во рамките на Скопско лето 2016.

Делата на скулпторот Руфати се создадени во знак на тројството, било од тематски, стилски и аспект на материјали, и осведочуваат дека, преку геометриските, апстрактните и надреалистичките секвенции можно е уметничка синтеза на идејата, чувствата и материјалите.

Руфати на интерактивен начин ги оживува неговите уметнички визии, воглавно, засновани во (пред)историјата, фолклорот и козмо-филозофијата.

Домаќин на изложбата е Националната галерија на Македонија.