Македонија
5. April 2017 - 14:11

Изложба на „Мика дизајн” во Јавна соба

Со нова колекција на дизајнирани парчиња женски чевли вечер во Јавна соба ќе се претстави Катерина Микрут позната како „Мика дизајн“.

Чевлите кои „Мика дизајн” ги претставува се суплемент на облека и накитот, кои до сега се презентирани на модните настани во Скопје и Битола.

- Главните инспирации на Микрут се самите материјали, нивните комбинации, експериментирањето со нив, нивното пренаменување, реупотреба и рачните техники на изработка, пред се плетењето. Одлично ги комбинира новите материјали и технологии достапни кај нас со занатските вештини и успева да извлече максимум од сето тоа, се наведува за изложбата.

Најновата линија на оваа дизајнерка ја сочинуваат ташни, сандали како и модни додатоци кои се прикачуваат на секојдневната облека.