Македонија
22. December 2017 - 8:26

Изложба на дизајн на текстил „Чеиз“ на Јана Манева-Чупоска

Во галеријата „Остен“ вечер од 19.30 часот ќе биде отворена самостојна изложба - дизајн на текстил со наслов „Чеиз“ на Јана Манева-Чупоска. 

Се работи за ликовно-дизајнерски обид за креирање современ дизајн на текстил инспириран од орнементи и везови од женската народна носија од Скопско. Со современ пристап на редизајн, изложбата претставува современ концепт и визуелен израз на дизајн на текстил кој е наменет за текстилната индустрија. 

- Редизајнот се заснова на транспозиција помеѓу современ визуелен концепт и фолклор. Ваквите изложби се реткост на македонската ликовна и дизајнерска сцена и затоа претставуваат реаритет во овој контекст, наведува авторката.

Изложбата ќе ја отвори Александар Ношпал, моден дизајнер и костимограф.