Изложба на дела од Лесновската ликовна колонија
Во изложбениот простор на Центарот за култура во Крива Паланка е поставена изложбата на годинашните дела од меѓународната Лесновска ликовна колонија.
- Во наредните десетина дена кривопаланечката јавност ќе може да ги погледне делата создадени од 26 јуни до 2 јули во амбиенталниот простор на Лесновскиот манастир од учесниците-автори од Србија, Русија и Македонија, меѓу кои и една наша сограѓанка, млад академски сликар, изјави директорката на Центарот за култура, Вања Јакимовска.
Изложбата се реализира во соработка со Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
Со изложбата е отворена и предновогодишната културна програма што ја организира локалната самоуправа, Центарот за култура и Градскиот музеј во Крива Паланка.
- Нашата установа во рамки на програмата насловена „Новогодишни празнувања" ќе учествува и со претставата „Дедо мраз дојде и кај нас" во изведба на членовите на Драмското студио. Наменета е за дечињата, а ќе се прикаже на 28 декември во 12:30 часот, истакна Јакимовска.
Ново на Сител
-
Мицотакис: Да направиме сè што е во наши раце за смирување на кризата на Блискиот исток
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп