Изложба на црно-бели фотографии на студенти од Криејтив хаб
Изложба на црно-бели фотографии изработени од студентите од Академијата за графички дизајн и адвертајзинг на Криејтив хаб (Creative Hub) ќе биде отворена вечерва во НЛБ Галерија во Скопје.
На изложбата свои фотографии ќе претстават Сара Цветковска, Драган Николовски, Александра Јаневска, Андреа Арсовска, Иван Костевски, Марија Попова, Матеј Мојсовски, Софија Друмчекова, Кристијан Малиновски и Ивана Дракулевска.
Ова е прва соработка на Криејтив хаб и НЛБ.
– За нашите студенти претставува престиж да ги изложат своите фотографии во НЛБ Галерија. Благодарни сме што ја препозна и ја поддржа нашата креативна идеја и им даде шанса на младите да ги претстават своите фотографии, вели Бојан Коскаров од центарот за неформално образование Криејтив хаб, кој оваа година се најде на листата на Форбс.
Изложбата ќе биде отворена во 19 часот и е отворена за јавноста и сите љубители на фотографијата.
Ново на Сител
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228
-
ДИК: Oд обработени 63,59% oд гласовите Силјановска Давкова 214.560, Пендаровски 105.593