Македонија
17. October 2021 - 14:11

Излезноста во општина Гевгелија до 13 часот 28,09 отсто

На 36 избирачки места во општина Гевгелија, заклучно со 13 часот, излезноста на гласачи споредено со 11 часот е двојно зголемена, рече претседателот на ОИК Гевгелија, Митко Ризов.

Според него, гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера, а досега учествувале 5.359 граѓани или 28,09 отсто од евидентираните во гласачкиот список.

Двојна е зголемена и излезноста во општина Богданци каде, според информацијата од ОИК, на гласање излегле 1.741 граѓанин или 26,32 отсто.

И во општина Валандово е регистрирана раздвиженост меѓу гласачите. Според ОИК, до 13 часот на избирачките места излегле 2.388 граѓани или 25,8 отсто од вкупниот број евидентирани со право на глас.

Во општина Дојран до 13 часот своето право на глас го икористиле 809 граѓани што претставува излезност од 30,28 отсто.