Македонија
15. July 2020 - 10:59

Излезноста во Куманово 6,32, во Липково 1,81, во Старо Нагоричане 6,29 проценти, според ДИК за првите два часа

Според податоците на Државната изборна комисија во Куманово излезноста до 9:00 часот e 6,32, во Липково 1,81, а во Старо Нагоричане 6, 29 проценти. Право на глас во Куманово имаат 92.167 гласачи, информираше денеска претседателот на ОИК Куманово Драган Јовановски.
 
Вкупно 167-те избирачки одбори се подготвени за спроведување на изборите.
 
Претседателот на ОИК Липково Лирим Јашари информираше дека во Општината, право на глас имаат 25.632 гласачи кои ќе гласаат на 36 избирачки места.
 
Од ОИК Старо Нагоричане право на глас имаат 3.322 лица кои гласаат на 36 избирачки места, а процесот ќе го спроведуваат 38 избирачки одбори.