-->
-->
Излезноста на локалните избори во Косово 43 отсто
-->
На денешните локални избори во Косово гласаа околу 43 отсто од запишаните избирачи, соопшти вечерва косовската Централна изборна комисија.
Комисијата информира дека изборниот ден минал без проблеми и дека сите 2.505 избрачки места биле затворени во 19 часот.
- На денешните локални избори од вкупно запишаните 1.890.952 лица, правото на глас го оствариле 43 отсто. Во текот на денот не се регистрирани поголем нерегуларности, соопшти Комисијата.
Според првичните информации од изборниот штаб на Демократската партија на Косово (ПДК) на Кадри Весели, оваа партија освоила најголем процент од членовите на општинските совети.
ПДК инфромира и дека градоначалници уште денеска биле избрани во 31 општина, додека во седум ќе има втор круг на гласање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Маркетите кои картелски се здружуваат, ќе одговараат
-
Значајна инвестиција
-
Дисциплинска комисија ќе утврдува зошто доктор уролог „хистерично“ викал во амбулантите на клиниката
-
Милорад Додик осуден на една година затвор
-
Месец на франкофонијата
-
Економијата тоне
-
Членовите на Судски не чувствуваат одговорност во пресрет на интерпелацијата
-
Сончогледот повторно се враќа на македонските полиња