Излезноста до 13 часот на ниво на држава е 20,16%

Излезеноста на локалните избори до 13:00 часот е 20,12 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Како што информира портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, до 13:00 часот се пристгнати податоци од 3 207 избирачки места. Вкупниот број запишани избирачи од кои се пристиганти податоците е 1 666 298, а од нив гласале 335 244.
Процентот на избирачки места од кои се пристигнати овие податоци е 92,31.
-Најголема излезеност има во Богданци 27,31 отсто, Вевчани 33,76, Градско 26,01, Дебарца 28,42, Демир Капија 29,25, Дојран 30,74, Кратово 30,01, Крива палнка 32,42, Лозово 31,86, Новаци 36,52, Ранковци 32,07 и Чашка 40,74 отсто, додека најмала излезеност е регистрирана во Босилово 12,96 отсто, Врапчиште 7,23, Гази Баба 18,97, Гостивар 11,66, Дебар 13,87, Желино 17,19, Јегуновце 17,50, Маворово и Ростуше 14,45, Пласница 18,88, Радовиш 17.97, Струга 16 и Шуто Оризари 13,76 проценти, информира Тодоровска Алексовска на прес-конференција.
Во Град Скопје излезеноста е 20,07 отсто или по општини: во Аеродром 20,63, Бутел 20,69, Гази Баба 18,97, Ѓорче Петров 19,67, Карпош 21,69, Кисела Вода 20,89, Сарај 21,18, Центар 22, Чаир 19,17 и Шуто Оризари 13,76 отсто.
-На локалните избори во 2021 година, според тогашниот пресек во 13:00 часот, излезеноста во Скопје била 20,76 отсто, истакна Тодоровска Алексовска.
Ново на Сител
-

31 питомец и 28 слушатели од курсот за офицери и штабни службеници дадоа свечена заклетва во Воената академија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
