Македонија
15. July 2020 - 13:41

Излезноста до 13 часот изнесува 23,81% на ниво на цела држава

Излезноста на избирачките места до 13 часот на ниво на Македонија изнесува 23,81% во сите шест изборни единици. Обработени се податоци од 3368 избирачки места од вкупно 3480.

Најголема излезност од сите шест изборни единици има во ИЕ3. 

ИЕ1 - 27,09% (најголема излезност има Општина Аеродром со 30,15%, Карпош 31,25%)

ИЕ2 - 21,64% (најголема излезност има Општина Македонски Брод 35,04%, Гази Баба 22,88%, Ѓорче Петров 28,54%)

ИЕ3 - 28,92% (најголема излезеност има Берово 32,49%, Крива Паланка 41,07%, Пехчево 33,02%, Пробиштип 35,29%)

ИЕ4 - 27,45% (најголема излезеност има Неготино 33,42%, Прилеп 32,47% )

ИЕ5 - 23,11% (најголема излезеност има Битола 31,19%, Вевчани 39,86%, Крушево 37,84%)

Најмала излезност има во шестата изборна единица.

ИЕ6 - 15,7% (најголема излезеност има Јегуновце 17,05%, Тетово 19,11%)