Македонија
2. December 2017 - 11:57

Излетал од патот и удрил во дрвја и метална ограда, тешко повреден возач од тетовско

Вчера околу 17,40 часот на автопатот Скопје - Тетово Р.И. (57) од село Слатино, тетовско, изгубил контрола над своето возило и излегол надвор од коловозот, по што удрил во дрвја и метална ограда.

Р.И. со возило на брза помош е пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е задржан на понатамошно лекување.