Македонија
26. October 2018 - 9:47

Излета возило од патот кај Кадрифаково, две лица тешко повредени

Вчера во 20.00 часот на магистралниот пат Штип - Велес (помеѓу село Криви Дол и село Кадрифаково), се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди А4“ со германски регистарски ознаки, управувано од В.Д. (32) од Свети Николе, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил В.Д., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека со телесни пoвреди се здобила сопатничката С. П.(33) од село Кравари, битолско.

Извршен е увид на местото на настанот.