Македонија
15. February 2016 - 13:50

Излета автомобил кај Кочани, возачот тешко повреден

Вчера околу 17.50 часот на магистралниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Цитроен Ц4“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Г. (63) од Кочани, излетало од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.Г., на истиот му е укажана лекарска помош во ОБ-Кочани  и е задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кочани.