Балкан
14. July 2015 - 10:37

Излегол од затвор - Си ја убил сопругата, па се обидел да се самоубие

50-годишниот Дамир Матан од Хрватска ноќта пред да ја убие својата сопруга Снежана, ја поминал ноќта во затвор. Имено, поради расправијата меѓу сопружниците полицијата интервенирала и го притворила Дамир но тоа не го смирило.

Во понеделникот по излегувањето од затворот, се скарал со Снежана, а потоа околу 17 часот им се заканувал на сите дома.

Како што сведочи еден сосед, Дамир прво кршел, а потоа пукал и во ќерката Ивана додека со бабата бегала.

- Околу 17 часот пред нивната куќа слушнав галама, врискотници, расправија. Две три жени трчаа спрема сопружниците и викаа „Пушти ја, пушти“ - раскажувал соседот  и додал дека слушнал и неколку истрели. 

Дамир сакал да го убие и соседот, но за среќа пиштолот не испукал. 

Полицијата пристигнала во домот на Дамир, тој се заклучил во својата куќа и се обидел да се самоубие. 

Дамир со Итна помош е пренесен во болница каде лекарите се уште се брат за неговиот живот.

Полицијата работи на расветлување на случајот.