Македонија
6. September 2018 - 13:04

Излажал старец дека е висок функционер во МВР: Му земал 76.000 денари за да му издејствува предвреме пензија

Во Полициската станица Ѓорче Петров С.Т.(79) од Скопје пријавил дека во текот на месец јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф., кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда оштетениот дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија, информираат од МВР.

-Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен, посочуваат од полицијата.

Полицијата презема мерки за расчитување на случајот.