Кошарка
17. February 2016 - 12:44

Изјави од прес конференцијата за Купот на Македонија во кошарка

Денеска во Казиното „Принцес“ во Гевгелија беше одржана прес конференција во пресрет на Купот на Македонија што од 19-21 февруари (петок - недела) ќе се одржи во Гевгелија.

 
Актерите на завршниот турнир изјавија:

Страшо Тодоровиќ, тренер КК Куманово:

  • Екипата на Куманово бележи само успеси, ќе играме со најтрофејниот клуб Работнички и мислам дека ќе победиме во четвртфиналето.

Перо Блажевски, помошник тренер КК Работнички

  • Работнички лани го освои Купот. Квалитетот се младите играчи и оние поискусните. Имаме променет росетер во однос на лани. Се надеваме на добра игра и потоа да играме и полуфинале и финале и ако може да се освои Купот.

Борче Даскаловски, тренер КК Карпош Соколи:

  • Оваа година за нас е што подобро да го претставиме клубот и победа во ¼ финале над Струмица. Главна цел е да бидеме меѓу најдобрите четири екипи.

Љупчо Малинков, тренер КК Фени Индустри

  • Нема да биде Куп ако нема изненадување. Главната улога на фаворит е домаќинот. И со победа во 1.коло можеме да имаме добар резултат.

Марјан Илиевски, тренер КК Кожув

  • Кусо време сум во клубот. Очекувањата се големи во градот. Во петок играме со Фени кои се во резултатска предност. Се надевам дека на заволство на клубот и градот ќе продолжиме во следната фаза. Очекувам празник на кошарката.

Владимир Мирковски, тренер КК Бест

  • Ние ќе играме против шампионот. Досега претрпевме два високи порази. Во петок ќе се појавиме за достојно да го презентираме клубот и градот.

Златко Зетов, тренер КК Струмица

  • Екипата на Карпош Соколи е фаворит и ќе дадеме максимум со надеж дека ова е Куп натпреварување и можно е изненадување.

Љупчо Петровски, претставник на ЖКК Клубски

  • Играме со Бадел, шампион и освојувач на купот и ова ќе биде „финале пред финале“ и очекувам ние да победиме во полуфиналето  и со тоа да го освоиме пехарот.

На прес конференцијата немаше присутни од редовите на шампионот МЗТ Скопје, поради дефект на автомобилот.