Македонија
10. December 2018 - 10:44

Изгубиле контрола над возилото и удриле во бандера, тројца повредени

Синоќа во 00,10 часот било пријавено дека на крстосница од регионалниот пат село Радиовце — село Брвеница со локалниот пат за село Челопек Г.З.(28) од село Непроштено, управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со тетовски регистерски ознаки, изгубил контрола и удрил во бандера.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.Д.(24) од село Лешок, М.В.(27) од село Сарачино, а возачот Г.З. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Клиничката болница Тетово.

Извршен е увид на местото на настанот.