Македонија
11. November 2018 - 11:30

Изгубил контрола над возилото и удрил во метална заштитна ограда

Вчера околу 16,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автопатот Мајка Тереза во близина на клучка Хиподром патничко моторно возило “Фолсваген Кеди“ со скопски регистерски таблици управувано од Б.Г.(55) од Скопје удрило во метална заштитна ограда. Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани од страна на лекар во Комплексот клиники “Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.