Македонија
15. December 2019 - 11:50

Изгубил контрола и излетал од патот - тешко повреден

Вчера околу 09.25 часот на локалниот пат с.Јакимово - с.Истибања,виничко товарно моторно возило„фиат добло“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.В.(19) од с.Градец,виничко излетало од патот. Во незгодата Д.В. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Штип за укажување на лекарска помош.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.