-->
-->
Изгубен паричник во Париз вратен по пошта до Прага
-->

Чешкиот фотограф и организатор на модни ревии Јакуб Феранец, кој во Париз, во воз го изгубил паричникот се изненадил кога по неколку часа добил СМС порака од Французин кој го нашол.
- За среќа, во паричникот сум имал визит-картичка со телефонскиот број и тој ми напиша дека ќе ми го испрати по пошта на чешката адреса, вели Феранец, кој во моментот на повикот веќе бил на аеродромот.
Чесниот наоѓач не сакал ниту надомест за поштарина и Ференц се надева дека некогаш барем ќе може да му понуди сместување кога ќе дојде да ја посети Прага.
- Мило ми е што тоа така се случи. Во паричникот имав пари, возачка дозвола и платежна картичка, но имав среќа што личната карта си ја ставив во џеб инаку немаше ниту да одлетам, објаснува чешкиот фотограф.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
