Изградени две улици во пехчевското село Црник
Заврши изградбата на улицата во должина од 1.000 метри во пехчевското село Црник која се градеше со средства преку Агенцијата за рурален развој во износ од 4 милиони денари.
Како што истакна градоначалникот Игор Поповски, кој денеска беше на увид на завршените градежни работи, со изградбата на оваа улица се поврзаа неколку маала од селото со центарот на селото.
- Повеќе од две децении жителите на село Црник имаа потреба од изградба на оваа улица. Ваков обемен инфраструктурен проект досега не е забележан во поновата историја на село Црник, со кој на најдиректен начин во огромна мерка се подобрува стандардот на жителите од оваа населба која е со поголема концентрација на население. И во иднина ќе продолжиме со трендот да се менува и подобрува ликот на општината, условите за живеење на жителите со континуирано вложување во инфраструктурниот развој, истакна Поповски.
Во Црник деновиве заврши и изградбата на улицата во должина од 300 метри која се градеше со средства во висина од 1,4 милиони денари обезбедени преку Декадата на Ромите.
- Жителите од оваа улица во Црник со децении газеа кал. Вредноста на оваа улица е 1.4 милиони денари, дел од средствата се обебзедени преку Декадата на Ромите, а дел од општина Пехчево. Улицата е во должина од 300 метри и е значајна за поголем дел од жителите на селото, доста фреквентна, а жителите ја бараа многу години и, еве , конечно, најдовме решение и за неа рече Поповски.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп