Изгореа над 12 хектари борова шума во Кочанско
Повеќе од 12 хектари борова шума изгореа во атарот на кочанското село Пресека, на падините на Осоговските Планини.
Пожарот што избувнал синоќа се уште не е изгаснат, а противпожарните екипи се соочуваат со силен ветер и тешко пристапен планински терен.
- Во гаснењето се ангажирани две наши одделенија со десет пожарникари и три возила, а ни помагаат и вработени од шумското стопанство „Осогово“. Огнот брзо се шири поради сувата вегетација и главна цел ни е да го спречиме проширувањето на буковата шума, поради што интервенираме повеќе од 12 часа. Поголем дел од пожарот веќе е локализиран и ставен под контрола, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.
Според Паунов, се работи за подметнат пожар поради кој е предизвикана огромна материјална штета, а за што се известени и надлежните инспекторски и истражни органи.
Ново на Сител
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж
-
Мачка се држи за рачка на врата од автомобил во поплавите во Дубаи | ВИДЕО