Македонија
20. September 2017 - 12:53

Изгоре викендица во Штип

На ден 19.09.2017 година во 02.50 часот во Секторот за внатрешни работи Штип,  Р.Р. (53) од Штип пријавил дека во атар на с.Љуботен-Штип на м.в. Раскрсница, во неговата викендица настанал пожар. Пожарот целосно е изгаснат од екипа на Територијална противпожарна заштита -Штип, а увид на лице место извршила екипа од - СВР Штип. Во пожарот е опожарена спалната соба, дневната соба и купатилото, магацински простор полн со разновиден алат, како и разновиден материјал за градба сместен во дворот на викендицата, со што е предизвикана значителна материјална штета.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот.