Џет-Сет
22. July 2015 - 9:38

Изгоре куќата на Дино Мерлин

Во големите пожари кои ја зафатија Хрватска, настрада и местото Трстеник, каде што се наоѓа и куќата на босанскиот пејач Дино Мерлин.

Огнената стихија во еден момент ја зафатила и куќата на познатиот музичар, но пожарот брзо бил локализиран од страна на 90 пожарникари.

1dino.jpg500

Иако пламените јазици допреа делови од објектот и направија материјална штета, куќата во поголемиот дел е одбранета.

2dino.jpg500

Инаку, според досега расположливите податоци, само на полуостровот огнот до сега проголта 400 хектари земјена површина, додека на Корчила изгореа 500 хектари.

3dino.jpg500