Македонија
22. January 2018 - 11:02

Изгоре куќа во Прилеп

Вчера околу 15,30 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„Задарска“ во куќа сопственост на Д.В.(35), избувнал пожар, при што опожарена била целата куќа.

Причина за пожарот бил неисчистен оџак.

Пожарот е изгаснат од Територијална противпожарна единица-Прилеп. 

Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден.