Македонија
19. November 2016 - 13:39

Изгоре дел од Психијатриската болница во Демир Хисар

Првиот кат и поткровјето на поранешното женско одделение на Психијатриската болница Демир Хисар синоќа целосно изгореле во пожар, соопшти полицијата. 
 
Синоќа во 22:30 часот телефонски во полициската станица во Демир Хисар, од страна на полициски службеник, пријавен е пожар во поранешното женско одделение, сопственост на ЈЗУ „Психијатриска болница“ - Демир Хисар, лоциран на ул.„Битолска“бб во во овој град. Притоа целосно изгорел првиот кат и поткровјето од објектот.
 
Материјалната штета и причините за настанување на пожарот дополнително ќе се утврдуваат.