Балкан
27. May 2016 - 17:20

Изгоре автобус - има жртви

- Една жена загина, а 12 други лица се повредени откако избувал пожар во автобус во северна Албанија, соопшти денеска албанската полиција.

Пожарот избувнал кога автобусот се наоѓал во градот Круја, на 35 километри од Тирана. 

Автобусот превезувал 30 христијански верници, кои се враќале од југозападниот пристаништен град Валона, каде го посетиле дворецот на албанскиот национален херој Скендербег.

Полицијата посочи дека причината за пожарот се уште не е позната