Македонија
24. December 2015 - 15:28

Изгласан буџетот на општина Куманово за 2016 година

Советот на општина Куманово денеска го изгласа буџетот за наредната 2016-та година и одлуката за негово извршување. Буџетот на општина Куманово за 2016-та година изнесува милијарда и 700.000 милиони денари. 
 
- Главен акцент на приходната страна е ставен на основните даноци кои што се сопствени приходи на општината, како и комуналните такси на надоместокот на уредување на градежно земјиште,надоместок од легализацијата која и годинава стартува и повторно се поднесуваат барање, изјави Ирена Илиевска, раководител на сектор за финасии и буџет.
 
Во однос на другите приходи,Илиевска ги наведе трансферите кои се очекуваат да пристигнат како дотација од Владата на РМ, капитални трансфери, трансфери од буџети и соодветни министерства, согласно програмите усвоени од Владата, потенцирајќи дека тука спаѓаат приходите од ДДВ и дотациите кои се фиксни и наменети за образованието,социјала и култура.
 
Од донациите, рече Илиевска, вградени се оние на училиштата, општината и градинката.Приходите се распоредени на расходната страна за утврдени намени,поделени на капитални и на тековни трошоци и за тековната резерва.
 
- Што се однесува за приходите за капиталните инвестиции, околу 450.000 милиони денари се предвидува да се одлеат согласно развојната програма на општината и се предвидени за изградба на нови улици,реконструкција на постоечките, изградба на водоводна мрежа и канализација, изградба на пречистителни станици,за речното корито,завршување на базенот, сообраќајни студии, подготовка на урбанистички планови, рече Илиевска.
 
Тековните трошоци се наменети за функционирање на општинската администрација и општината.Во буџетот издвоени се средства и за социјалните категории кои и наредната година ќе користат субвенции за комуналии,вода и ѓубрарина,превоз на стечајци и други категории граѓани.